Macedonian Human Rights Movement International
ОМО "Илинден" - ПИРИН реагира на изјавата на Калфин

Ивајло Калфин Македонија не се меша во внатрешните работи на Бугарија туку бара само имплементација на одлуката на судот за човекови права во Стразбур според која ОМО "Илинден" - ПИРИН треба да биде регистрирана како политичка партија - реагира Елеонора Петрова македонската амбасадорка во Советот на Европа по вчерашната изјава на бугарскиот министер за надворешни работи Калфин кој од Брисел и порача на Македонија да не се меша во внатрешни прашања на Бугарија со поставување на прашањето пред комитетот на министри во Стразбур.

Поранешниот амбасадор во Советот на Европа Зашов тврди дека е сосема легитимно македонскиот амбасадор во Советот на Европа на седниците на комитетот на министри да дискутира за прашањето за регистрација на ОМО "Илинден" - ПИРИН и дека на тој начин не се меша во внатрешните работи на Бугарија.

На изјавата на бугарскиот министер Калфин реагира и ОМО "Илинден" - ПИРИН и велат дека не му е првпат да се обиде прашањето кое е меѓународно и се однесува на човековите права да го симне во билатерални рамки меѓу Македонија и Бугарија.

Комитетот на министри во Стразбур на седниците и во февруари и во јуни годинава побара од Бугарија целосно исполнување на пресудата на судот за човекови права и враќање на одземената регистрација на ОМО "Илинден" - ПИРИН. Бугарија се правда дека со платената парична отштета ја исполнила обврската. Неуспешно завршија и двата нови обида на организацијата на Македонците да се регистрира во бугарските судови - последен пат беше одбиена пред два месеца.