
Атина, 14 ноември 2007 - По скандалозната изјава на солунскиот митрополит Антимос во врска со Македонија и митрополитот на Калаврита и Аигалеја,
Амбросиос смета дека делови од територијата на Македонија и припаѓаат на Грција.
Амбросиос изјави „бидејќи најдобрата одбрана е нападот, многу добро направи митрополитот на Солун потсетувајќи дека Монастири (Битола) е грчка
територија, од која скопјаните имаат корист“, пренесуваат грчките медиуми.
„Ако Антимос е националист, тогаш зашто некои други да не се ,продале’ на странски планови и интереси”, прашува реторички митрополитот на Грчката
православна црква.
|