Кликни за печатење

Уште еден грчки митрополит сака дел од Македонија

14 ноември, 2007

Атина, 14 ноември 2007 - По скандалозната изјава на солунскиот митрополит Антимос во врска со Македонија и митрополитот на Калаврита и Аигалеја, Амбросиос смета дека делови од територијата на Македонија и припаѓаат на Грција.

Амбросиос изјави „бидејќи најдобрата одбрана е нападот, многу добро направи митрополитот на Солун потсетувајќи дека Монастири (Битола) е грчка територија, од која скопјаните имаат корист“, пренесуваат грчките медиуми.

„Ако Антимос е националист, тогаш зашто некои други да не се ,продале’ на странски планови и интереси”, прашува реторички митрополитот на Грчката православна црква.