Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП - Соопштение за медиумите

НАТО мора да ја казни Грција
заради заканата да го блокира влезот на Македонија


3 март, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонија во НАТО Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада – Грција се заканува дека ќе го блокира македонскиот прием во НАТО поради неприфаќање на македонското уставно име. Според грчкиот премиер Костас Караманлис, “без решение, нема покана“.

Ова е уште еден пример за безобѕирно грчко непријателство спрема Македонија. Грција се спротивставува на името на Република Македонија со цел да продолжи со политиката на непризнавање и прогонство на нејзиното големо македонско малцинство.

Како и да е, последиците од грчкото ирационално однесување нема да ги почувствува само Македонија, туку и Европската Унија, НАТО и целиот регион. Останатите држави-членки го подржуваат влезот на Македонија во НАТО, со кој што ќе се обезбеди стабилизација на земјата и на регионот, особено по прогласувањето на независноста на Косово.

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, изјави: “Наместо да се убедува Грција да не ги реализира нејзините закани, останатите НАТО членки мораат да ја предупредат Грција за последиците од нејзините националистички и ксенофобични потези. Го повикуваме НАТО веднаш да се изјасни кои чекори ќе ги преземе доколку Грција го блокира зачленувањето на Македонија.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

     
© 1997-2007 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is under development by: TJ-Hosting