Кликни за печатење

Македонците од Албанија на митинг за зачувување на Уставното име на Македонија

13 март, 2008

Македонците од Албанија најавуваат голем митинг за зачувување на Уставното име на Македонија.
Митингот е најавен за идната недела во селото Пустец, Мала Преспа. Голем број на Македонци од сите делови на Албанија со македонски песни и ора ќе го искажат револтот за менување на Уставното име на Македонија.
“Македонците од Албанија никогаш нема да прифатат друго име, освен уставното име на Република Македонија“ изјави за Нетпрес градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.
Митингот ќе го поддржат голем број Македонци од естрадната и политичката сцена.