Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

Уште едно тело на ОН препорачува прифаќање на правата на македонското малцинство од страна на Грција

25 септември, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Committee on the Elimination of Racial Discrimination Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Мелбурн, Австралија и Торонто, Канада - На 28 август 2009 година, Комитетот за спречување на расната дискриминација (КСРД) ги објави "Заклучоците по преглед на Комитетот за спречување на расната дискриминација" во врска со периодични извештаи (16-ти до 19-ти) за Грција . Овој Комитет на Обединетите нации е тело на независни експерти што ја следи имплементацијата на Конвенцијата за спречување на сите облици на расна дискриминација од страна на нејзините држави-членки. Сите држави се должни да поднесуваат редовни извештаи до Комитетот за тоа како се спроведуваат правата на граѓаните. Комитетот го разгледува секој извештај, искажува загриженост и упатува препораки до државата членка, во форма на "договорна опсервација".

Комитетот искажа многу крупни забелешки и упати голем број на значајни препораки во однос на етничкото македонско малцинство во Грција. Конкретно, Комитетот искажа "загриженост од извештаите за појава на расистички стереотипи од страна на некои организации и медиуми, како и коментари со омраза против припадници на различни етнички и расни групи". Како резултат на тоа, "Комитетот препорачува државата членка (Грција) да преземе ефикасни мерки за да бидат казнети организациите и медиумите кои се одговорни за таквите дела. Комитетот понатаму конкретно и' препорачува на државата членка да го забрани постоењето на нео-нацистички групи на нејзината територија и да преземе поефикасни мерки за унапредување на толеранцијата кон лицата од различно етничко потекло".

Истовремено, Комитетот е "загрижен за пречките со кои се соочуваат некои етнички групи во остварување на слободата на здружување и во врска со ова упатува забелешка заради информациите дека некои се укинуваат, а и не се се дозволува регистрација на нови здруженија кои што во своето име ги содржат поимите 'малцинство', 'турски', или 'македонски', како и заради дадените образложенија за таквите одлуки. Од тие причини, Комитетот и' препорачува на државата-членка (Грција) да усвои мерки со кои што ќе се обезбеди нормално живеење на припадниците на секоја заедница или група и остварување на на нивното право за слобода на здружување, како и на нивните основни природни права, вклучувајќи го и користењето на мајчиниот јазик".

Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја повикуваат меѓународната заедница да изврши притисок врз грчката влада да ги примени забелешките и препораките на Комитетот за спречување на расната дискриминација на набљудувања и имплементираат, во целост и без одлагање. Истовремено, АМКЧП и ММДЧП би сакале да ја искористат оваа прилика и да препорачаат работата на грчкиот Хелсиншки монитор да биде дел од циклусот на опсервација од страна на Комитетот за спречување на расната дискриминација (КСРД), особено при поднесување на "Паралелен извештај за Грција и прифаќање на Меѓународната конвенција за спречување на сите форми на расна дискриминација".

Двата извештаи (Извештајот на грчкиот Хелсиншки комитет и целиот текст на Комитетот за спречување на расната дискриминација) за опсервација и заклучоци можат да се најдат овде:
http://www2.ohchr.org/english/bodies/cerd/cerds75.htm.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us
Search the Web
Search the MHRMI Archives
MHRMI needs your support


Sign On & Show Your Support



MHRMI Review

The most recent video


Our name is Macedonia


See this video on Youtube
Go to the Multimedia page

Information for Macedonians Travelling to Greece
The Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC), Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) and the Greek Helsinki Monitor (GHM) have jointly prepared information for Macedonians (travelling on any passport) wishing to enter Greece.

Click here to download the leaflet.

Our Name is Macedonia
Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) and the Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC) have launched an ad campaign in the Republic of Macedonia demanding an end to all negotiations with Greece over its name.
Ads will appear in every major newspaper and billboard ads will begin in the centre of Skopje.
To sign on or see the ad campaign, please visit:


Our Name is Macedonia


Photo Album of the billboard ads in Skopje

MHRMI and AMHRC Funded Macedonian Language School in Korca, Albania
Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) and the Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC) condemn the Albanian government's involvement in preventing Macedonian language classes from taking place in the Golo Brdo region.

Click here for more info and photos.

Stephen Harper Celebrates the United Macedonian's Anniversary
The Right Honourable, Stephen Harper. Mr. Harper is the first Canadian Prime Minister to attend an event organized by the United Macedonians or to visit the first and largest Macedonian cathedral in Canada.

Click here to see the video.
 
© 1997-2013 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting