Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП бараат од Клинтон да се откаже од изјавата дека Македонија треба да го "реши" проблемот со името

19 јули, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Хилари Клинтон Торонто и Мелбурн - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот Комитет за човекови права (АМКЧП) бараат од Државниот секретар на САД Хилари Клинтон да се откаже од изјавата дека: "Владата во Скопје треба да знае дека нема да може да се движи напред кон европска интеграција се' додека не се реши ова (прашање). И, очигледно, Грција мора да бидат подготвени да го прифатат решението на проблемот со името."

Со други зборови Клинтон изјави дека една суверена држава - Република Македонија - мора да се откаже од најосновното право што го поседува една држава - правото на самоопределување, доколку сака да стане дел од Европа. САД, "лидерот на слободниот свет", како и во други прилики во однос на Македонија, покажа дека имаат различен пристап во однос на почитувањето на најосновните стандарди за слобода и на почитувањето на меѓународното право.

Иако САД ја признаа Македонија во 2004 година, сепак повикуваат на промена на името. Лицемерието е за восхит.

Со оглед на очигледната немоќ на ЕУ да ги решат безболно своите економски проблеми, ММДЧП и АМКЧП воопшто не сметаат дека членството на Македонија во една ваква институција е во најдобар интерес. Сепак, поентата е дека не можеме ја прифатиме уцената преточена во "заборавете ги вашите права и сменете го вашето име, а во спротивно...". Ние имаме испратено и допис до Стејт департментот со кој што бараме објаснување и неодложна осуда од страна на САД за преговорите за името.

ММДЧП и АМКЧП пред една година започнаа рекламна кампања во Македонија, со која што се залагаат за крај на целата оваа фарса во однос на името и расистичките "преговори" помеѓу Македонија и Грција. Сите заинтересирани кои што сакаат да се приклучуваат на кампањата "Нашето име е Македонија", ве молиме да го користите следниов линк:
www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.

 
Join Us Videos Follow Us

TELL the EUROPEAN PARLIAMENT to RETRACT and APOLOGIZE for their bizarre anti-Macedonian resolution

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting