Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП оствари средба со канадските министерства за надворешни работи, побара од Канада да ги осуди преговорите за името

10 октомври, 2012

Read this page in English

Print this page
Македонци во Канада Торонто (Канада) - На 1 октомври 2012 година, претседателот на ММДЧП Бил Николов, членот на ММДЧП Крис Балкос (Балковски) и членот на Виножито Димитри Иоану (Јованов) остварија средба со високи функционери на канадските министерства за надворешни работи и за меѓународна трговија. Покрај останатото, тема на разговор беше и кршењето на човековите права на Македонците во Грција, Бугарија, Албанија и воопшто на Балканот, забраната за влез во Грција на канадски Македонци, одбивањето да се помогне на канадски Македонци од страна на грчката амбасада и грчките конзулати, како и позицијата на Канада за Република Македонија и преговорите за името.

ММДЧП побара од Канада да го осуди прогонувањето на Македонците од страна на Грција, Бугарија, Албанија и да преземе конкретни чекори кои што или ќе стават крај на таквиот нивни однос, или да создадат услови со кои што овие земји ќе се соочат со последици. Попрецизно, беше побарано Канада јавно да повика прекин на преговорите за името и веднаш да даде цврста поддршка за меѓународно, а не само билатерално, признавање на Македонија. Од страна на ММДЧП беше искажана надеж дека земјите кои што ја признаа Македонија мора целосно да го поддржат нејзиното име, а беше упатена и критика за лицемерието на САД и земјите од Западна Европа кои што повикуваат на „компромис" или „изнаоѓање решение" на т.н. спор за името.

ММДЧП истакна дека не постои поважно човеково право од правото на самоидентификација, а иронијата да биде поголема, Грција го има сменето своето употребување на зборот Македонија во последните 25 години, и дека Македонија и Македонците отсекогаш биле препознавани токму по тие термини. Грција го иницираше „спорот за името", со намера да го негира постоењето и да го прогонува големото македонско малцинство во нивната земја.

Од страна на ММДЧП беше потенциран меѓународниот углед на Канада и нејзиното влијание во полето на човековите права и беше побарано Канада да го изнесе својот став за преговорите за името и да изрече осуда за оние земји кои прогонуваат Македонци.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Дадете ја вашата поддршка за остварување на македонските човекови права со пристапување во Фондот на ММДЧП за човекови права. Вашaтa донација директно ќе се употреби за финансирање на значајни активности поврзани со остварување на човековите права на Македонците на Балканот.

 
Join Us Videos Follow Us

TELL the EUROPEAN PARLIAMENT to RETRACT and APOLOGIZE for their bizarre anti-Macedonian resolution

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting