Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП, АМКЧП и Виножито со осуда за американскиот Стејт департмент заради негирањето на македонското национално малцинство во Грција

26 април, 2013

Read this page in English

Print this page

Стејт Департмент Торонто, Мелбурн и Лерин/Флорина (26 април, 2013) - Американскиот Стејт департмент оваа недела го објави својот годишен Извештај за човекови права за 2012 година. Во извештајот за Грција, во делот насловен "Национални / расни / етнички малцинства", за состојбата и третманот на македонското малцинство беше наведено следново:
"Владата не признава постоење на словенски дијалект, од своите претставници наречен "македонски", меѓутоа, сепак мал број луѓе себеси се идентификуваат како "Македонци", поим кој што предизвикува силно спротивставување од останатите граѓани. Овие поединци тврдат дека Владата води политика со која што има намера да ги обесхрабри во употребата на нивниот јазик. Владините тела и судовите ги одбиват барањата од страна на овие словенски групи да се идентификуваат со употреба на терминот "Македонци", наведувајќи дека околу 2,2 милиони етнички (и јазички) грчки граѓани, исто така се идентификуваат користејќи го терминот "Македонци". Владата долго време одбива да го признае здружението наречено "Дом на македонската култура", заради употребата на терминот "македонска". Здружението во 2009 година поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Во август ЕСЧП ја информира Владата дека го прифаќа случајот и побара од Владата да го изнесе својот став до 15 јануари 2013 година."

Терминологијата која што ја користат во овој параграф, поимите "словенски дијалект", "словенски групи" и употребата на наводници за терминот македонски, претставуваат ништо друго туку негирање на македонскиот идентитет и јазик во Грција и овековечување на грчките расистички стереотипи кои резултираа Македонците во Грција да не можат да ги остварат своите основни човекови права уште од 1913 година. Важно е да се истакне дека Стејт Департментот веќе неколку години ја користи оваа навредлива терминологија со која што ги опишуваат Македонците во Грција во нивните извештаи за човекови права за неколку години.

Македонското меѓународно движење за човекови права, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права и Европската слободна алијанса - Виножито го осудува американскиот Стејт департмент за употребата на таквата терминологија и бара од нив да ги почитуваат неотуѓивото право на Македонците во Грција да го користат терминот македонски во опишувањето на својата етничка припадност и јазик.

Истовремено, ги повикуваме сите Македонци во целиот свет да го контактираат американскиот Стејт департмент
http://contact-us.state.gov/app/ask, со цел да го изразат своето спротивставување за употребата на таквата понижувачка терминологија.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.

ЕСА-Виножито е политичка партија која што се бори за правата и за признавање на македонското малцинство во Грција. Партијата има канцеларии во Лерин / Флорина и Едеса / Воден. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата www.vinozito.gr, или испратете емаил на: vinozito@otenet.gr, или јавете се на +30 23850 46548.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting