Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Како сакате да помогнете во битката за остварување на човековите права на угнетените Македонци?

25 април, 2014

Read this page in English

Print this page

Macedonian-language school • Би помогнале ли да се отвори уште една градинка на македонски јазик во Албанија?
• Или да се зголеми фондот за повеќе часови на македонски јазик и за отворање на културен центар во Егејска Македонија?
• Или да придонесете за многу важната кампања „Нашето име е Македонија“, со која што се бара итен прекин на преговорите за името?


Ова се само неколку примери кои што се од витално значење во работата на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП). Македонците во сите делови на Македонија се борат за остварување на своите човекови права и за да се спречи прогонот од страна на владите на Грција, Бугарија и Албанија, само затоа што се Македонци. Овие земји продолжуваат со нивните кампањи насочени кон искоренување на се' што е македонско, а тоа е да направиме се' што треба за да бидеме сигурни дека тоа ќе се исполни.

Македонците во Пиринска Македонија се приведувани од страна на бугарската тајна полиција заради приклучување на македонската организација, Македонците во Мала Преспа добија смртни закани од страна на владини претставници и биле тепани заради посетување на настава на македонски јазик, а Македонците во Егејскиот дел на Македонија биле нападнати од грчки нео-нацисти и полицијата заради присуство на македонските настани.

И покрај тактиката на „сеење страв“, Македонците не се уплашени. Тие продолжуваат гордо да се претставуваат како Македонци, барајќи остварување на нивните човекови права. Фестивали на кои што се слават македонската култура и јазик се организираат низ цела Егејска Македонија, каде што луѓето од срце пеат и танцуваат на патриотски македонски песни. Комеморации во чест на македонски херои се случуваат во цела Пиринска Македонија. Оригиналното македонско знаме гордо се вее во Мала Преспа, Албанија, вклучувајќи ги и селата во кои што на избори се избрани македонски политичари.

Macedonian-language school

Овие успеси се остваруваат само заради поддржувачите како вас и заради клучните активности кои што ги преземаат ММДЧП и организациите кои што се негови партнери во сите делови на Македонија. Можете да помогнете овој прогрес да продолжи со пристапувањето во Фондот за човекови права на ММДЧП и приложување на многу корисна годишна, месечна, или еднократна донација. Можете да наведете дека сакате вашата донација да биде наменета за конкретен проект од долунаведените, или да оставите ММДЧП да ги намени таму каде што во моментот е најпотребно. Истовремено, ние имаме потреба и од волонтери кои ќе ни помогнат во нашата борба за човекови права.

Македонското меѓународно движење за човекови права и нашиот партнер, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права, се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштита на човековите права на Македонците на Балканот. Ова се само дел од нашите активности:


• Набавка и финансирање на единствената македонска радио станица во Лерин и ТВ студио во Корча, Албанија;
• Организирање на настава по македонски јазик низ Егејска Македонија, Пиринска и Албанија, вклучувајќи го и отворањето на нова градинка во Корча;
• Финансирање на Нова зора, Народна Волја и многу други македонски весници и изданија во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Мала Преспа / Голо Брдо;
• Поддршка за многу важната кампања „Нашето име е Македонија“, со која што се бара неодложен прекин на „преговорите за името";
• Финансирање на фестивали на Македонците од сите делови на Македонија, со цел да се шири македонската култура и јазик и да се бие битка за остварување на човековите права;
• Отворање на канцеларии за човековите права на Македонците во Бугарија, Грција и Албанија;
• Финансиска поддршка за отворање на Македонски културен центар во Лерин, Егејска Македонија;
• Финасирање на изборните кампањи за Македонците во Албанија, Грција и Бугарија, со основна цел да се помогне во борбата за остварување на човековите права;
• Присуство на конференции на Обединетите нации и на Европски конференции за човековите права, со барање да се стави крај на дискриминацијата на Македонците;
• Барање поддршка за Македонија и македонските човекови права во Вашингтон, Отава, Брисел и низ целиот свет.


Исто така, ги повикуваме македонските организации низ целиот свет да ни се придружат во настојувањето да се запре дискриминацијата на Македонците. Ве молиме, придружете се на нашата месечна програма за избор на проект чија организација би поддржале, и да помогнете да се шират пораките од нивните настани за спроведување на акцијата за заштита на македонските човекови права.

Ве молиме, дајте свој придонес преку веб страната
www.mhrmi.org/donation.asp, а за повеќе информации јавете се на 416-850-7125, испратете емаил порака на info@mhrmi.org, или посетете ги веб страните www.mhrmi.org, facebook.com/mhrmi, twitter.com/mhrmi.

Вие можете да направите нешто за Македонците кои што се борат за остварување на своите човекови права. Ве молиме, направете го тоа денес. Ви благодариме за вашата поддршка.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting