Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Кога на Македонија ќе и биде дозволено да учествува на Олимпијада?

12 фебруари, 2014

Read this page in English

Print this page

2014 Olympics in Sochi Russia "Бившата Југословенска Република Македонија" на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, продефилира со оние држави чии имиња започнуваат со буквата "Б" (зборот "бивш" почнува со "Б" и на руски јазик), мавтајќи притоа со неколку знамиња кои што донекаде наликуваа на вистинското македонско знаме. Тоа беше сменето во 1995 година за да се смири Грција, земја која се обидува комплетно да ја избрише Македонија од мапата. Кога Олимписките игри се организирани од страна на земјите од англиското говорно подрачје, "Бившата Југословенска Република Македонија" настапува со буквата "Ф". Или па можеби повеќе би одговарало да одиме со "Т" (The Former Yugoslav Republic of Macedonia)?

Кога македонските спортисти се натпреваруваат, дали нивните навивачи извикуваат "Напред Фиромци!" и дали го користат акронимот, па држат транспаренти со натпис "Напред ФИРОМ! Направи да се гордееме со нашата земја!"? Се прашувам, дали на пример поранешната советска република Узбекистан покажува таква гордост во својата култура и наследство. Па, ние знаеме дека и поранешната Отоманска колонија Грција ја слави својата држава како да е родно место на сe. Тие се толку "горди" на своето културно наследство, што станаа прва држава после нацистичка Германија која што избра неонацистички членови (вкупно 21) во парламентот.

Ама сепак се прашувам, зошто Македонија едноставно не настапува под буквата "М". Па, благодарејќи на Грција која што создаде вештачки спор со името, САД и Европската унија бараат "решение" за тој проблем, а и Македонија подлегна на притисокот и се согласи да преговара за своето име, па ние сме сега во хаотична состојба. Олимписката повелба вели дека "Спортувањето е човеково право". Очигледно, користењето на сопствено име не е човеково право.

Грција тврди дека се противи на името на Македонија бидејќи постоела провинција со истото име и постоел ризик да настане забуна. Ако е навистина така, тогаш ОН, исто како што тоа го направи со македонскиот спор за името, ќе се ангажираа во бесмислени преговори меѓу американската сојузна држава Џорџија (Georgia) и Република Грузија (Georgia), или меѓу Луксембург и белгиската провинција Луксембург. Вистината ја кажа поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис кој што призна дека во 1995 година Грција го стави на маса спорот за името, со цел да го негира постоењето на своето големо македонско малцинство и Македонците како народ. Откако Македонија беше распарчена во 1913 година и Грција анектираше половина од нејзината територија, нејзината политика беше дека Македонија не постои и започна агресивна кампања за искоренување сe што е македонско. Како и да е, нејзината пропагандна машинерија го промени курсот во 1988 година кога независноста на Република Македонија стана извесна и започна со тврдењето дека македонската територија им припаѓа нив, а дека луѓето веќе не постојат.

Згора на сe, фактот што огромното мнозинство од светот, вклучувајќи ги САД и четири од петте членови на Советот за безбедност при ОН, ја имаат признаено Македонија користејќи го вистинското име, сепак спорот за името и натаму опстојува. САД дури и се заканија дека ако Македонија се повлече од преговорите за името, таа ќе ја повлече економската и воена поддршка, тврдејќи притоа дека граѓанската војна ќе еруптира со албанското малцинство во Македонија.

Се наметнуваат неколку прашања. Зошто Соединетите Американски Држави и се додворуваат на Грција и ги толерираат нејзините ирационални барања? Па САД, со својата бескрајна мудрост, тврди дека е експерт за надворешна политика, а во суштина секогаш го докажува спротивното. Меѓутоа, многу побитно прашање е, зошто проблемот со името е воопшто дискутабилно? Иако е јасно дека Македонија отсекогаш била позната како Македонија, а грчката пропагандата преку ноќ се смени, Македонија сепак не сака да застане зад своето најосновно човеково право плашејќи се од Соединетите Американски Држави. И затоа продолжува со дипломатски обиди и со ирационални преговори за името.

Па, во олимпискиот дух, и за доброто на здравиот разум, да се надеваме дека Македонија ќе почне да го користи своето вистинско име во олимписката конкуренција, како и за сe друго. Македонија не може да чека остатокот од светот да застане на страната на основните човекови права. Единствениот начин да се стави крај на спорот за името, еднаш и за секогаш, е Македонија да ги прекине преговарите за своето име.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.


 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting