Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП го зголемија фондот за финансирање на македонски весници во Бугарија и Грција

9 април, 2015

Read this page in English

Print this page

Macedonians Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права со задоволство известуваат дека го зголемиле фондот наменет за финансирање на весниците на македонските малцинства „Народна Волја“ во Пиринска Македонија и „Нова Зора“ во Егејска Македонија, како и за публикување и дистрибуција на историски и тековни македонски изданија. Бугарија и Грција и натаму продолжуваат со нивната политика на сузбивање на секаков израз на македонскиот идентификација. Со овој чекор, ММДЧП и АМКЧП обезбедуваат услови за истакнување на нашата вистинска историја и дека ќе ја шират македонската култура и традиција во регионите во кои живеат Македонци.

"Без помош од ММДЧП и АМКЧП, македонските малцинства на Балканот не би имале пристап до изданијата на својот мајчин јазик. Апелираме до сите Македонци ширум светот да ги поддржат овие непроценливо значајни организации, давајќи со тоа придонес за македонските човекови права", истакна Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Нашето време е СЕГА. Помогнете. Донирајте. Вклучете се уште денес во акцијата
По еден долар на ден за ММДЧП или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting