Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Преписка во „Хил“ околу Џон Подеста и употребата на кратенката БЈРМ наместо Македонија

2 декември, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

The Hill Колумната на Бил Николов од Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) објавена во американскиот весник „Хил“ предизвика преписка со грчки поддржувачи на Хилари Клинтон во истото списание. Во својот текст Николов информира дека високиот советник на Клинтон Џон Подеста, кој има грчко потекло, во една од неговите интернет пораки кои беа објавени на Викиликс, вели дека тој се уште го користи изразот БЈРМ кога зборува за Македонија и со тоа покажал дека претходната администрација толерирала антимакедонски политики.

“Замислете еден политичар да употреби навредлив израз за цела етничка група и потоа да води политика со која се игнорира прогонувањето на таа група и се бара промена на нејзиниот етнички идентитет. Тоа ќе беше голем скандал, но само ако се работи за позната етничка група. Кога вакво нешто ќе се случи на помалку позната етничка група, тоа не е покриено од страна на медиумите. Викиликс ни откри дека Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на Хилари Клинтон, се изразувал навредливо на Македонците без да претрпи било какви последици. Тоа е затоа што и самата Клинтон вршеше анти-македонска политика во рамките на која ја повикуваше Македонија да го смени своето име со цел да се задоволи Грција, држава која започна вештачки спор за името во обид, како што самите Грци велат, да се избрише Македонија од мапата”, пишува Николов во својата колумна објавена во Хил, кое е едно од водечките политички списанија во Вашингтон. Пораката на Подеста е испратена во врска со предлог да се поканат македонски политичари на состанок на Клинтоновата Глобална Иницијатива во Њујорк, при што Подеста вели дека тој се уште го користи изразот БЈРМ наместо Македонија.

Николов наведува неколку други спорови во САД, околу имињата на спортските клубови како што се Индијанците од Кливленд и Црвенокожците од Вашингтон, велејќи дека на сличен начин навредите упатени кон Македонците од страна на американски политичари мора да се сметаат за расистички.

На ова одговори Џорџеа Полизос од Американскиот Елинистички Институт, која исто така објави колумна во Хил напаѓајќи ги ставовите на Николов. Според Полизос, Џон Подеста постапил исправно кога ја користел кратенката БЈРМ наместо уставното име на Република Македонија. Полизос вели и дека инсистирањето Македонија да го смени името во рамките на спорот што се води под Обединетите Нации и инсистирањето и Грција да го прифати секое идно име, не претставува анти-македонска политика.



Медиумско покривање:

• MIA (English)
• Republika (English)
• МИА
• a1ON
• Лидер
• Сител
• Вест
• Журнал
• Дневник



 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting