Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Продолжи со работа уште еден македонски весник во Албанија, финансиран од ММДЧП и АМКЧП

19 јануари, 2016

Read this page in English

Print this page

Македонски весник ИЛИНДЕН Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права со задоволство известуваат дека, благодарејќи на посветеноста за финансиска помош, весникот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана продолжи со печатење и дистрибуција до своите читатели низ Албанија. ММДЧП и АМКЧП ќе овозможат услови за успешно да одекне гласот во борбата за заштита на човековите права на угнетените и репресирани Македонци во Албанија.

Последниот број од весникот:
http://mhrmi.org/media/Ilinden_Br24.pdf

Поврзете се со ММДЧП и АМКЧП на социјалните мрежи за да помогнете да се шират нашите пораки за борба за човековите права за угнетените Македонци. За да донирате за весникот, или за било кој друг значаен проект за човековите права на Македонците, ве повикуваме да дадете свој придонес во Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства
Нашето време е СЕГА. Вклучете се. Помогнете. Донирајте.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting