Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП бара од македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“

4 јули, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонија на Олимпијада Меѓународниот Олимписки Комитет ќе ги следи директивите на ОН и САД и ќе продолжат да ги кршат најосновните права на Република Македонија, а тоа е правото да го користиме нашето сопствено име. На свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, македонските спортисти повторно ќе бидат принудени да дефилираат позади буквата “F“, што е прва буква од “Former Yugoslav Republic of Macedonia”. Македонија на тој начин ќе потклекне пред американската тактика на заплашување и нема да застанат во одбрана на сопственото име.

Од тие причини, македонски спортисти, само од вас зависи. Приклучете се на оние спортисти кои што се спротивставија на кршењето на човековите права и не прифаќајте да дефилирате на олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“. Сте вложиле голем труд за да се здобиете со честа да ја претставувате вашата земја, а не некоја измислена држава БЈРМ. Чекорете позади буквата „М“ и кажете му на светот дека нашето име е, и секогаш било, Македонија.

Македонци, олимпијци од сите држави и сите други кои што се залагате за човековите права, придружете се на барањето од ММДЧП за македонските спортисти да одбијат да чекорат позади буквата „Ф“ на свеченото отворање на Олимписките игри. Споделете го на социјалните мрежи овој наш јавен апел, користејќи ги информациите и линковите под овој текст. Олимпиското начело вели дека „Спортувањето е човеково право“. Епа човеково право е и користењето на сопственото име. Нашето име е Македонија. Барајте од Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) да го почитува тоа.


Нашето име е Македонија

Македонски Олимписки Комитет
mok@mok.org.mk
twitter.com/NOC_Macedonia
facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
mok.org.mk/site/kontakt

Меѓународен Олимписки Комитет
twitter.com/Olympics
facebook.com/Olympics
olympic.org/ioc

Олимписки Комитет на САД
twitter.com/TeamUSA
facebook.com/TeamUSA
teamusa.org

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Macedonia at Olympics

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting