Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Потрудете се повторно од Америка да направите респектирана држава

26 јули, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Избори во САД Доволно лошо е и ако мора да слушнеш од претседателски кандидат на САД да каже дека знае се’ што треба да знае... ама баш се’, па и тоа дека ќе направи повторно се’ да биде сјајно. А крајно неподносливо е да се слуша за толку широк спектар на знаења и да се фали со толку искуство и успеси, што ако некој поддржи друг кандидат треба да биде третиран како тотален идиот. Самата помисла дека вакво лице може да ја води најмоќната држава во светот, и особено надворешната политика на САД, во најмала рака кажано звучи вознемирувачки. Ароганцијата со која што се кажани овие работи ја прави Америка одбивна. Да, кандидатот за кој што се однесуваат овие мои забелешки е, се разбира, Хилари Клинтон.

Хилари Клинтон би можела да научи од Доналд Трамп како да биде помирна и помалку арогантна. Делува можеби страшно, но така е. Без оглед што мисли некој за неговите испади, Трамп покажа разумност со изјавите дека САД немаат право да држат лекции на други држави. На Трамп му е јасно дека таквата американска надворешна политика предизвикува презир. Трамп е против мешањето во внатрешните работи на други држави, но неговите критичари се премногу „плитки“ за да ја видат позадината на неговата порака и да го разберат значењето на неговите зборови. Пораката од Трамп „Америка повторно да ја направиме голема“ кажува дека нешто не е во ред со САД во овој момент. И не е. Е па, направете нешто!

Да се потсетиме на уште неколку американски претседателски кандидати кои што ја базираа својата политика на слична платформа и тие веќе не се во трката. Но овде не се работи за Доналд Трамп. Ниту па за Хилари Клинтон. Ова се однесува за (речиси) секој американски политичар, без оглед од која партија доаѓа, што продолжува со децении старата американската надворешна политика на неуспешни интервенции и уништување. Нередот кој што САД го оставаат позади себе е видлив и за генерациите што доаѓаат. Еј Америка, никој вам не ви дава право да ја наметнувате вашата волја на било кој друга држава и да се повикувате на некакво морално право да го правите тоа. Фокусирајте се на себеси, погрижете се за вашите граѓани и, ако веќе сметате дека треба да му дадете насоки на остатокот од светот, правете го тоа преку примери, а не со манифестирање моќ.

Погледнете го хаосот во врска со спорот за името на Македонија. И со оглед на тоа што американските избори вклучуваат многу дискусии поврзани со религијата, ајде да видиме што се вели во Библијата (16:9), „Таа ноќ Павле имаше привидение: Пред него стоеше Македонец и го молеше, ‘Дојди во Македонија и помогни ни’ ”. Тој не рече ‘Дојди во Бивша Југословенска Република Македонија и помогни ни’. Ајде да го направиме ова „кратко и слатко“, онака како што всушност треба да биде и американското влијание врз Македонија. Грција призна дека го направила овој вештачки проблем со цел Македонија да биде избришана од мапата. Овие зборови беа повторени и од Робин О’Нил, првиот преговарач на ОН во спорот со името. САД ја признаа Македонија, но се обидуваат да ја смират Грција со барање „компромис“ (читај: промена на името). Па токму тука и лежи проблемот со континуираната употреба на „привремената“ референца „БЈРМ“ или „Бивша Југословенска Република Македонија“. Дали некоја друга држава би преговарала, или би била принудувана да преговара за своето име? Македонија постои уште од пред Библиската епоха, за разлика од Грција која што е подоцнежна креација. Грција анектираше дел од територијата на Македонија во 1913 година, па се обиде да го искорени нејзиното постоење, за потоа да ја промени својата политика со барање поимот „М“ никогаш да не се употребува тврдејќи дека македонската територија отсекогаш и’ припаѓала на Грција и дека македонски народ не постои. Премногу кревање врева за ништо. Ако ништо друго, Грција треба да биде принудена да го промени своето име и нејзината историја на културни присвојувања.

Како што во една прилика кажа поранешниот Државен секретар на САД, Лоренс Иглбергер: „Спорот за името е непотребен и неоснован со оглед на тоа што Македонија беше така нарекувана и во времето на поранешна Југославија и тогаш тоа не предизвикуваше никакви проблеми... Грција тврди дека Македон или Македонија, исто како и Александар Македонски се нивни. Тоа е лажно тврдење и време е некој да го каже тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за „полу-цивилизиран“ регион кој што служи како извор на суровини и ништо повеќе од тоа. Развојот на Македонија во времето на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со отпор кој што резултирал со пораз во повеќе градови. Филип и Александар биле сметани за тирани кои што ја уништуваат слободата на Грција. Тврдењето на сегашните Грци дека античкото кралство на Македон било нивно е побиено од историските факти. Античките Грци никогаш не покажале интерес да бараат Македонија да се смета за нивна и никогаш не ги прифаќала Филип и Александар за свои легитимни владатели. Грците тврдат дека Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа не ги прифаќаат тие факти.“ Г-дин Иглбургер меѓу другото го вели и следново: „Не е во ред една држава да се меша во внатрешните работи на друга држава“. Што би рекле Американците, „Бинго“!

Значи, сепак постои надеж. Еј Америка, време е да започнеш нова ера на одговорна надворешна политика, осудувајќи ги преговорите за името како напад врз здравиот разум, како и правото на самоопределување на Македонија и човековите права. Доналд Трамп, откажи се од спорот за името и докажи ја „љубовта кон Македонците". Обезбеди ги македонско-американските гласови на изборите. Хилари Клинтон, ти ја повика Македонија да го промени своето име за да се смири Грција, а твоите поддржувачи и натаму тврдат дека си била ‘шампион за човекови права’. Те молиме да признаеш дека твоето искуство не значи експертиза. Обрни внимание на зборовите на еден од твоите претходници, г-дин Иглбергер, како ‘водилка’. И ајде сите заедно еден ден на Олимпијада да ја гледаме Македонија како достоинствено чекори зад буквата „М“ од Македонија, наместо зад буквата „F“ од „Бивша југословенска...“ (Former Yugoslav…). Ни останува само да се молиме дека здравиот разум сепак ќе преовлада.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting