Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Македонијо, скини ги конците од рацете на американскиот „господар на марионети“

15 јуни, 2016

Read this page in English

Print this page

Because 'Merica, that's why Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права


Светот е марионета на Соединетите Американски Држави. Но прашање е како САД станаа господар на марионетата? Затоа што ние им го дозволивме тоа. Една од играчките на САД во последните 25 години е и Македонија, која што, исто како и многу други земји во светот, се вклучи во играта затоа што се плаши дека нема алтернатива, дека нема избор. САД одвреме-навреме ќе фрли некоја коска како на послушно куче. Ако кучето не покаже почит, секако дека ќе сноси последици. Но, ти Македонијо, имаш избор. Престани да ја слушаш земјата која што буквално не знае ништо за надворешната политика, за човековите права и за здравиот разум. Нема да има никакви последици ако се спротивставиш на Соединетите Американски Држави. Последици ќе има само доколку продолжиш да се покоруваш.

Погледни ја Шарената револуција. Иако Македонија ги има сите права за протест за се’ што сметаат дека е добро за нивната држава, непобитен е фактот дека САД насекаде пуштаат свои пипци. Токму тоа го прават САД. Со исти аршини настапува и ЕУ, па ќе слушнеме од германскиот министер за надворешни работи дека „го поздравува одложувањето на изборите во Поранешната југословенска република Македонија“. Епа поранешни фашистички диктатори од Германија, замолчете додека не се научите да и’ се обраќате на нашата држава со вистинското име!

Македонците треба да почнат со една друга револуција – Револуција на здрав разум. Кажете му на западот мрш од Македонија. А ти Македонијо, мрш од преговорите за името. Која е таа политичка партија во Македонија што ќе понуди цврстина и неприкосновеност, па дипломатот од кариера Метју Нимиц ќе го остави без работа? Г-дине Нимиц, дали вие би преговарале за сопственото име? Или можеби САД би преговарале? Вашиот претходник, Робин О'Нил имаше доблест да се откаже од преговорите за името кои што се, според неговите зборови, начин со кој Грција „ќе ја избрише Македонија од мапата“. Дури и поранешниот грчки премиер Мицотакис јавно го призна тоа.

И покрај тоа што ја признаа Македонија со уставното име, како и речиси секоја друга држава во светот, САД инсистираат Македонија да го смени своето име и со тоа да ја задоволат Грција. Жестоката грчка пропаганда која што почна со негирање на постоењето на Македонија, за потоа да тврдат дека државата е нивна сопственост е доволен доказ за болните амбиции и мотиви на Грција. Сепак, САД со својата бескрајна мудрост, ја наметнаа својата девиза и на повеќето европски држави, дека Македонија никогаш нема да стане членка на НАТО или ЕУ доколку не го смени своето име. Америка уште и тврди дека, ако не се постигне „компромис“ за името, на Македонија и’ се заканува ерупција на незадоволство кај албанското малцинство во Македонија, што може да доведе и до граѓанска војна. Дали со тоа САД всушност не признаваат дека би поттикнале граѓанска војна за да ги остварат целите на нивната погрешна надворешна политика? Не би им било тоа прв пат. Веќе видено од Америка.

Да, името што САД сакаат да биде сменето постои илјадници години и поголемиот дел од светот го има признато. Господ Бог да ја благослови Америка. Но, глупиот аргумент на Грција дека името Македонија „создава забуна со провинцијата Македонија во Грција", поимот „Република“ пред името на државата, во целост го решава проблемот. Предлозите на Грција како „Република Северна Македонија" и „Република Словенска Македонија" немаат друга цел освен на државата да и’ зададат уште еден удар на здравиот разум и човековите права, а светот на сето тоа ги затвора очите. Македонски политичари, не треба да се срамите да го потенцирате фактот дека Грција анектираше дел од територијата на Македонија во 1913 година. Светот добро ги знае географските граници на Македонија, знае дека Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција (за подоцна дел да и’ биде даден и на Албанија, како „божиќен подарок“) и знае дека Александар Велики (а не „воин на коњ") е македонски. Со вашиот страв за јасно и гласно да ја кажете вистината, според упатството на САД, само им давате тежина на грчките бесмислени аргументи дека Македонија се обидува да ја „краде грчката историја". Тоа не е вистинска грчка историја, туку мит создаден од Западот.

Верувале или не, Македонија всушност беше спомната од страна на коментаторот за време на пренос од европското првенство, но, се разбира, за да звучи „европски“, државата ја нарече „поранешната југословенска Република Македонија". Претпоставувам дека коментаторот можеби сметал дека и т.н. "Провинција Македонија" која што Грција ја анектираше во 1913 година се натпреварува во меѓународна конкуренција. Едвај чекам Онтарио или Северна Дакота да започнат квалификациите за Светското првенство! За волја на вистината, поголемиот дел од коментаторите Македонија ја нарекуваат, едноставно, Македонија. Меѓутоа, ако европските институции сакаат да продолжат со грчката расистичка игра, можат слободно државата да ја ословуваат како Република Македонија. Сето ова не’ враќа и на спектаклот на отворањето на Олимписките игри каде што македонските спортисти чекореа позади натпис со буквата “F”, држејќи некаква луда верзија на македонско знаме. Одважете се, македонски спортисти. Ако веќе политичарите не го прават тоа, застанете вие самите во ваша одбрана и во одбрана на вашата земја и не дозволувајте да чекорите позади друга буква освен буквата „М“.

Иронија е тоа што Соединетите Американски Држави си дозволуваат да им наметнуваат на други држави како да ги решаваат проблемите, а не можат да ги решат сопствените проблеми. Проблемите со вода во Флинт, Мичиген, несоодветното решавање на проблемите предизвикани од ураганот Катрина, ненаоѓањето решение за проблемот со насилствата со оружје без оглед која партија е на власт, нерегуларностите на изборите на Флорида и, Боже мили, можам до бескрај да набројувам. Само погледнете кои се топ вести на Си-Ен-Ен и ќе се запрашате дали оваа земја треба да ни кажува што да правиме? Брејкинг Њус на Си-Ен-Ен… Соединетите Американски Држави не се „најдобра држава во светот“ како што милуваат да кажат американските политичари. Ваквата фраза многу наликува на нацистичка Германија, но и денешна Грција која што неодамна во парламентот избра 21 член од неонацистичката партија. Да, прва држава која што тоа го направи, во право сте.

Земете урок од Канада и другите држави во светот кои се горди, но едноставно прогласуваат дека државите им се „величествени”. Бидете горделиви кои сте и од каде потекнувате, но не на трошок на други. Американската демократија не е најдоброто од измислувањето на „сечен леб”, и едноставниот податок дека Америка има избори (помеѓу две партии, навистина голема демократија) и е постојано во изборен циклус, не и го дава правото да „шири американски вредности” (интервензионизам / империјализам) низ светот.

Супериорниот комплекс на Америка има голема сличност со тој на Грција, која ги учи своите ученици дека нивната земја е „колевка на цивилизацијата”, „родно место на демократијата” и, што е најопасно, етнички чиста. Тие не можат ниту да признаат дека така нареченото „грчко кафе” и баклавата се турски. Смеам да кажам дека исто така нема такво нешто како „грчки јогурт”, но каков одличен пример на маркентиштво. Можеби овие сличности во верувањето на културна надмоќност обласнуваат зошто САД и Западот ја измислија Грција во 1830 година и романтизираат за „славното” (непостоечко) минато врз грбот на Македонците и сите други малцинства на нивната патека. Меѓутоа, може ли вистинскиот корен на расизмот да е толку длабок во западната култура, што не сакаат да признаат дека нашите почетоци се во Африка? Целата идеја за Грција, минато и сегашност, е мит.

САД делува еднострано, буквално соборува секаков совет наменет кон нив, и убедува дека е светскиот морален авторитет. Истовремено, очекува другите држави да ја спроведуваат нивната политика. Што е уште полошо, САД и го добиваат тоа што го бараат. Тоа може сега да престане. Македонијо, светот гледа.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting