Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП повикува на смиреност и здрав разум во Република Македонија

22 јуни, 2016

Read this page in English

Print this page

Ова е Македонија Од 1991 година и прогласувањето на независност, Македонија мораше да издржи безброј препреки само за да го осигура својот опстанок. Покрај многуте други работи, да се потсетиме и на грчкото ембарго, албанските немири и тешката борба за нашето име и идентитет. Но никој не очекува скандалот со прислушувањето да ја уништи државата. ММДЧП нема да си дозволи да се вклучува во дебати или да коментира која партија што направила и кои политичари биле повеќе корумпирани. Една зрела демократија (не мора да е „западна демократија“) би имала мирни протести и за судбината на политичарите би одлучувала на избори. Сега е моментот кога секоја партија треба да се фокусира на тоа што би можеле да направат за Македонија и да го избегнуваат американскиот стил на напад на своите политички противници. Прочитајте ја нашата колумна: Македонијо, скини ги конците од рацете на американскиот „господар на марионети“.

Македонските граѓани не смеат да даваат слепа и безрезервна поддршка на партијата на која што се симпатизери и треба да го избегнуваат високото ниво на партизираност проследена со жестоко, а понекогаш и насилно бранење на партијата не водејќи сметка што партијата направила. Со објективен пристап кон проблемите, принудете ги вашите политичари да го прават тоа што е најдобро за вас и за вашата држава.

ММДЧП оствари средба со секоја влада од осамостојувањето и во прилог на повиците за помош за Македонците кои што се борат да ги обезбедат основните човекови права во Грција, Бугарија и Албанија, истовремено бараа и фокусирање на уште еден константен проблем – мешањето на меѓународната заедница во Македонија. Особено кога станува збор за вештачки создадените и бесмислени преговори за името, под спонзорство на Обединетите Нации. Ниту еден аргумент не оди во прилог на потребата да започнат и да траат повеќе од две децении преговори за некаков т.н. спор за името. Грција тврди дека името на Македонија „создава забуна со провинцијата Македонија во Грција". Па тогаш за државата користете го терминот Република Македонија. Проблемот е решен. Погледнете ја клучната и успешна кампања на ММДЧП,
Нашето име е Македонија, со која што ја кренавме свеста за потребата да се брани вистинскот име на Македонија. Би сакале оваа кампања да заврши со прекин на преговорите за името, а не кога државата ќе се распадне заради политички игри.

Македонија мора да се излечи од комплексот на пониска вредност. Чувствувај се силен кога вистината е на твоја страна. Грција е таа што се обидува да ги украде македонското име и историја, а не обратно. Светот знае дека Македонија беше поделена меѓу Грција, Бугарија и Србија, а подоцна и Албанија. Нашето име постои веќе илјадници години; Грција е ‘западна’ креација. Грција во еден момент и призна дека причината поради која што го создаде проблемот со името, е всушност искоренување на постоењето на Македонија. И не се осврнувај на корумпираните ООН, ЕУ, САД и НАТО чекајќи сугестии и инструкции. Има причина зошто Македонија е независна држава. Води ја својата држава онака како што ти сметаш дека е најдобро за неа. Имај го ова на ум кога водиш ‘смешни’ преговори за името и потсети се кога Македонија на Евровизија ќе биде претставена како "F.Y.R. Macedonia". Потсети се и кога на свечените отворања на олимпијадите ќе ги видиш македонските спортисти како маршираат позади буквата „Ф“. Македонски спортисти, вие сте тие што морате да одбиете чекорење позади било која буква освен „М“ и да им покажете на вашите политичари како треба да ја бранат земјата која што тие ја претставуваат.

Со отсуство на реакции од страна на Македонија, кога ќе се појави проблем со користење на името, само му даваме сигнали на светот дека ние прифаќаме да бидеме контролирани. И гледате каде сето тоа не’ доведе. Проблемот е едноставен. Македонците се тие што знаат што е најдобро за нивната земја, а не Американците, Германците, или Французите. Другите држави ќе го прават она што е во нивен интерес. Македонци, нека се слушне вашиот глас. На мирен начин, побарајте избори. Политички партии, ставете веднаш крај на преговорите за името и со тоа ќе добиете огромна почит кај електоратот и кај меѓународната заедница. И ставете крај на заканите дека македонските политичари и политички партии ќе бидат подмитени од страна на Грција или САД со цел да го сменат нашето име. Македонци, започнете со Револуција на здрав разум.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting