Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

И покрај забелешките, Фејсбук сепак дозволува антимакедонски говор на омраза на македонските страници

24 јуни, 2016

Read this page in English

Print this page

Facebook Фејсбук тврди дека анти-македонскиот говор на омраза "не ги крши стандардите на нивната заедница". Дали Фејсбук размислува во каква заедница без стандарди ние живееме? Ова многу наликува на затскривање позади флоскулата „слобода на говор“, која се употребува како оправдување кога не се презема ништо за помалку познатите примери за расизам. Па слободата на говор (и другите слични фрази) не ја вклучуваат омразата. Таа фраза „слобода на говор“ не треба да се злоупотребува со намера да се избегне решавање на проблем меѓу две спротивставени страни. Да се каже дека некоја етничка заедница не постои и да се поддржуваат влади чии политики се насочени кон сузбивање на тој етникум не претставува обичен „конфликт“. Тоа е класичен „говор на омраза“. А Фејсбук одлучи да не преземе ништо околу тоа.

Македонците во Албанија, Бугарија, Грција и останатите балкански држави се соочуваат со секојдневна дискриминација, борејќи се да ги остварат своите човекови права. и да се борат за да се постигне своите човекови права. Дури и името Република Македонија е под постојан атак. Македонското меѓународно движење за човекови права се става во одбрана на угнетените Македонци и се залага да се стави крај на оваа дискриминација. Посетете ја нашата
Фејсбук страница, на која што ќе се сретнете со бројните антимакедонски пораки и ќе ја доживеете омразата со која што секојдневно се соочуваат овие луѓе.

ММДЧП побара од Фејсбук да се овозможи отстранување на овие пораки и ги пријавивме луѓето кои што нив ги постираат. Ние се пожаливме, а Фејсбук не реагира. Треба ли да се објаснува зошто е ова омраза, или да се споредува тоа со многу попознати примери за расизам и ксенофобија? Не, тоа не е фер за Македонците или другите етнички групи кои се изложени на расизам. Омраза е омраза. Фејсбук, сменете ја вашата политика и извинете се.

Македонци и сите останати репресирани етнички групи, нека се слушне вашиот глас. Раширете ја оваа порака и барајте од Фејсбук да ги променат политиката и стандардите.
www.facebook.com/mhrmi

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting