Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Весникот на македонското малцинство во Бугарија се заблагодарува на ММДЧП и АМКЧП за значајната поддршка

9 март, 2016

Read this page in English

Print this page

Narodna Volja „Вашата редовна финансиска помош ни дава импулс и сила да ја продолжиме достоинствено и во иднина праведната борба за македонската национална кауза. Свесни сме дека, ако не е Вашата голема патриотска поддршка, весникот повеќе немаше да излегува. Вие сте спасителите на весникот и за тоа патриотско дело многу Ви благодариме", изјави Георги Христов, Главен и одговорен уредник на „Народна Волја“.

Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права изразуваат благодарност до сите Македонци кои што се борат против неправ дите во Бугарија, Грција, Албанија и другите балкански земји, и со гордост го истакнуваат своето македонско потекло. Како што би рекле од ММДЧП и АМКЧП - наша должност е да помогнеме.

ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците од целиот свет да ни се придружат и да помогнат во борбата за остварување на човековите права за угнетените Македонци. Сите сме горди кога присуствуваме на некој македонски настан или кога ќе слушнеме патриотска песна. Сите ние со голема жестина се браниме кога некој ја доведува во прашање нашата етничка припадност, или нашето потекло. И бараме нашата земја да се вика Македонија, а не „ФИРОМ".

ММДЧП и АМКЧП очекуваат од Македонците да ја подигнат таа своја гордост на едно повисоко ниво. Поврзете се со нас на социјалните мрежи за да помогнете да се шират нашите пораки за борба за човековите права. Вклучете се и вие. Волонтирајте. Донирајте. ММДЧП и АМКЧП ги финансираат сите проекти за човекови права на угнетените Македонци на Балканот. Вклучете се во проект по ваш избор и дадете свој придонес во
Фондот на ММДЧП за човекови права или во Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. Нашето време е СЕГА.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting