Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП со осуда за забраната за влез во Грција на свој активист и за грчката „црна листа“ за Македонци

27 октомври, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Документот за Манговски На Славко Манговски, Меѓународен координатор на ММДЧП и граѓанин со двојно државјанство (македонско и американско), на 24 октомври, 2016 година му беше забранет влез на граничниот премин Меџитлија / Негочани во Грција. Од страна на граничните служби му било соопштено дека тој е на „листата на непожелни“ што е всушност грчка црна листа за македонски активисти за човекови права, без оглед што претходно беше тргнат од таа листа под притисок на локални организации за човекови права. Манговски беше ставен на таа црна листа откако беше гостин на гала банкетот организиран од Меѓународното македонско движење за човекови права на 1 јуни 2013 година во Торонто.

На претставници од американската амбасада во Атина, од страна на граничните служби им било речено дека кај нив нема евидентирано инцидент и покрај издадените официјални документи.
Документ 1
Документ 2
Документ 3

ММДЧП веднаш ги извести Стејт Департментот на САД и побара истрага за постојаното малтретирање на Македонци и на големото македонско малцинство од страна на Грција.

Во документите се употребува референцата ФИРОМ и на горниот дел има големо лого на ЕУ. ММДЧП не само што го осудува грчкото однесување, туку и ЕУ која дозволува нејзина членка да го негира и повредува правото на сопствено име, народност, идентитет, култура и јазик. ММДЧП бара од ЕУ:
• да ја принуди Грција да ја укине црната листа;
• да го осуди прогонот на Македонците;
• да ги стави во сила сите пресуди на Европскиот суд за човекови права;
• да го осуди спорот за името започнат од Грција;
• да ги натера своите членови да ги почитуваат конвенциите за човекови права за кои самата декларира дека се нејзини основни вредности.

Доколку тоа не го направи, таа само ќе покаже недостаток на заложба да ги спроведува своите идеали и дека продолжува да ги затвора очите за грчкото анти-македонско и анти-малцинско однесување и политика.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.



 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting