Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Меѓународен Параолимписки Комитет, покажете дека го почитувате името на Македонија

1 септември, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Olympics Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонски комитет за човекови права (АМКЧП)

Македонските параолимпијци, исто како и нивните колеги олимпијци, на свеченото отворање на Параолимпијадата во Рио ќе бидат принудени да дефилираат позади буквата „Е“ (од “Ex”), ставајќи на тој начин регионален пресврт од злогласното „Ф“ (од “Former Yugoslav Republic of Macedonia”). На вебсајтот од Параолимпијадата, исто како и тој од Олимпијадата, Македонија е излистана со буквата „Т“ (од “The Former Yugoslav Republic of Macedonia”.) Во зависност од локалниот јазик, македонските спортисти дефилираат позади многу букви, освен позади буквата „М“, што е всушност, се разбира, првата буква од вистинското име на нивната држава, Македонија. Исто така, на македонските спортисти не им е дозволено името на својата држава да го имаат на нивните дресови и униформи. Погледнете го (на сликата под овој текст) македонскиот спринтер Ристе Пандев кој што во трка со атлетичари од Индонезија, Авганистан и Габон, дресот на Пандев е ‘празен’. Каков олимписки шамар.

Ваквиот скандал се случува од причина што Грција не се согласува Македонија да го употребува своето име, а меѓународната заедница, најблаго речено, не покажува желба да се стави во одбрана на здравиот разум и на најосновните човекови права или, најостро кажано, се ставаат во улога на соучесници во грчките обиди „да ја избришат Македонија од мапата“. Ова се зборови од првиот медијатор на Обединтетите Нации за спорот со името, Робин О’Нил.

Грција и самата призна дека го покренале вештачкиот проблем со името, само за да може да продолжи со негирањето на македонскиот народ и да продолжи со прогонувањето на своето македонско малцинство кое го наследи по поделбата на Македонија помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија, во почетокот на дваесеттиот век. И треба да се знае дека Грција е таа која што се обидува да го присвои името Македонија, а не обратно како што некои тврдат.

Поголемиот дел од светот ја признаа Македонија со нејзиното вистинско име, па зошто е тогаш потребен најбесмислениот спор во историјата на Обединетите Нации? Се разбира дека ООН, МОК, ФИФА итн. Не можат да дадат одговор на тоа прашање. Ставете крај на оваа фарса „преговори за името“ и проблемот со името ќе биде решен.

Повик за акција: Меѓународниот параолимписки комитет покажа дека знае да размислува независно од корумпираниот МОК (Меѓународниот олимписки комитет). Ајде да го видиме доказот на Параолимпијадата во Рио. Придружете ни се во барањето да се покаже почит кон името на Македонија. Македонски параолимпијци, нека пишува 'Македонија' на вашите дресови и не барајте од никого дозвола за да го користите името на вашата држава.

INTERNATIONAL PARALYMPIC COMMITTEE (IPC)
Adenauerallee 212-214, 53113 Bonn, Germany
Telephone: +49-228-2097-200 • Fax: +49-228-2097-209
E-mail:
info@paralympic.org
Твитер: @Paralympics
Фејсбук: www.facebook.com/paralympics
Вебсајт: www.paralympic.org

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.


Olympics
 
Join Us Videos Follow Us

TELL the EUROPEAN PARLIAMENT to RETRACT and APOLOGIZE for their bizarre anti-Macedonian resolution

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting