Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Македонско друштво „Илинден” - Tирана

Благодарници „Илинден” по повод осумгодишнината од основањето на Mакедонско друштво „Илинден“ - Тирана

6 февруари, 2017

Отпечати ја страницата

Македонско друштво Илинден Претседателот на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод осумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници „Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница „Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана. Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Една од задачите на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница „Илинден”.

Оваа година Благодарница „Илинден” се доделува на:

1. Македонското меѓународно движење за човекови права - Торонто, Канада

2. Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија - Скопје, Република Македонија

3. г-дин Беќир Ала - Активист во Требиште областа Голо Брдо понарешен советник во Општина Требиште на Македонска Алјанса за Европска Интеграција, член на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана Огранок Голо Брдо

4. г-дин Мартин Бибовски - Добидник на конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво „Илинден” - Tирана - Скопје Република Македонија

5. г-дин Иќмет Ислами - Активист од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо член на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана


Македонско друштво „Илинден” - Тиранa
Претседател: Никола Ѓурѓај


Македонско друштво „Илинден” - Тирана

Улица: „Михал Грамено” 183, Тирана
Tел: + 38971946391 + 355692401778
е-mail:
drustvo.ilinden.tirana@live.com
Web: www.ilinden-tirana.com
Национална Комeрециална Банкa - Албанија
IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY   LEK
IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA   EUR
IBAN:AL8120511021289300CLOTCFUSDE   USD
SWIFT:NCBAALTX




 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting