Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Написот на ММДЧП „Градоначалникот на Торонто мора да го осуди анти-македонскиот советник Џим Каријанис.“ објавен во Хил Тајмс, најеминентното канадско списание за политика

27 февруари, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

The Hill Извор: hilltimes.com

За време на предизборната кампања и во првите неколку месеци откако стапи на функција, Градоначалникот на Торонто Џон Тори им понуди на граѓаните своја верзија на пораката „Надеж“ од Барак Обама. Меѓутоа, надежта во „Надеж“ почна да спласнува. Да го оставиме на страна фактот дека тој т.н. флип-неуспех на клучниот момент од неговата кампања – патарините, кој што имаше тежок удар врз неговиот кредибилитет, останува всушност заклучокот дека отсуството на реакција за „моралната обврска“ е уште поголем проблем. Иако Ник Кувалис, шеф на изборниот штаб на Тори, неодамна се извини за употребата на неонацистичкиот термин “alt-right”, анализата на неговите коментари по социјалните мрежи и јавно дадените изјави на различни теми, сами по себе кажуваат многу. Како тоа за Кели Лич, кандидат на анти-имиграциската Конзервативна партија. Кој си ти да се претставуваш себеси со толку големо значение? Шупливото извинување не го прави тоа.

Градоначалниче Тори, време е да се откажете од г-динот Кувалис. Како што, уште многу одамна, требаше да се откажете и од Џим Каргијанис. Вие говорите за „морална обврска“ да се стави крај на омразата, но што се случува кога поранешен пратеник и актуелен градски советник искажува бројни јавни и навредливи изјави против еден етникум, бранејќи ја во разни канадски медиуми употребата на говор на омраза и кој што на видео-снимка од едно негово предавање го возвишува бомбардирањето на цивили на истата етничка група. Одговорот е – ништо. Не само што Либералната партија не презема ништо, и покрај постојаните поплаки на таа етничка група, други етнички групи во заедницата го бараа истото но немаше реакција. Кога Каргијанис стана градски советник, од вас во повеќе наврати беше побарано да преземете нешто, но вие одлучивте да го игнорирате тој проблем.

Етничката група на која што ова се однесува се Македонците. Дали причина за отсуство на акција е тоа што канадските Македонци се помалку познати? Кажете ни г-дине Тори дека тоа не е точно. И преземете нешто. Држете се до вашата девиза за „морална обврска“.


Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
157 Adelaide St. West, Suite 434
Toronto, ON M5H 4E7
416-850-7125

www.mhrmi.org



 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting