Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Претставникот на ОН Нимиц до ММДЧП: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име"

26 јуни, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Who Gave You the Right to Negotiate My Name Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, им го изјавил на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име". Првиот медијатор за спорот за името, Робин О'Нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замоли Македонија да ги прекине тие преговари. Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се „неофицијални", ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои што всушност претставуваат, како што рече Робин О'Нил, напад врз најосновните права на Македонија. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: „Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици". Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои што значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот "спор за името" додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите.

Како што кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија" вели "Кој ти го даде право да преговараш за моето име?" Барајте почит за Македонија. Сега и веднаш.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.


Медиумско покривање:

• Mina Report
• МРТ
• МКД
• Вечер
• Фактор
• Нетпрес
• Канал 5
• Точка
• Охрид 24
• Expres



 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting