Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
Ilinden Tirana

Македонско друштво “Илинден” - Tирана - Соопштение за медиумите

24 мај, 2017

Read this page in English

Print this page

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА
ЧЛЕН НА ФЕДЕРАЛНАТА УНИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ (FUEN)
ЧЛЕН НА ВОЛОНТЕУРОПЕ (VOLONTEUROPE)


****************************************************************************************************
Македонско друштво „Илинден“ - Tирана
183 “Mihail Grameno” St, Tirana
Tел: + 38971946391 + 355692401778
е-mail:
drustvo.ilinden.tirana@live.com
Web: www.ilinden-tirana.com
Web: www.vesnik-ilinden.com
Raiffeisen Bank-Albania
IBAN 902021119200000000440133 EUR
SWIFT:SGSBALTX

Дел. број: 481/2017
Тирана, 24.05.2017



СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, како официјален член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) го искористи правото да достави резолуција до 62 конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржа во Клуј-Напока/Република Романија од 17- 21 мај 2017 година за правата на Македонците во Република Албанија. Резолуција е изгласана унинанимно од сите делегати на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе ја достави до Владата на Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци. Имаме задоволство да објавиме дека ваква резолуција посветена на правата на македонското национално малциство е за втор пат, двете резолуциј и во 2016 година и сега беа доставени од Македонско друштво „Илинден“ - Тирана.

Резолуција содржи седум точки со кои се бара:

1. Владата на Република Албанија да потпиши и ратификува Европската повелба на Советот на Европа "за регионални и малцински јазици”.

2. Признавање на Македонското национално малциство во Голо Брдо, Гора и цела територија на Република Албнија.

3. Државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на Македонски јазик.

4. Учење на мајчин Македонски јазик во државните школи во областа Голо Брдо и Гора како и во цела тертиорија на Република Албанија кај има значен број на Македонско Национално Малциство.

5. Македонското национално малцинство во oблсата Голо Брдо и Гора административна поделба спроведена 2015 година го смета чекор назад за почитување на правата на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и Гора. Владата на Република Албанија пред да почне нова административна поделба убедуваше дека општините кај живат малциствата нема да се бришат се случи спротивното во областа Голо Брдо имаше три и три општини во Гора. Областа Голо Брдо и Гора во административна поделба во 1913 година беа во одделни административни единици. Административна поделба спроведена 2015 година не исполни ни ту еден критериум од критериумите што постави владата сама како што се демографски, географски, економски и културени во овје области се посебни бидеќи живе Македонско национално малциство. Згаснувањето на општините во Голо Брдо и Гора го отежнува животот на жителите на областа Голо Брдо и Гора, дури за обичен документ треба да патуват 2 часа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија бара од три општини што имаше Голо Брдо и Гора да има по една општина да се именуват Општина Голо Брдо и Општина Гора.

6. Во сите општини каде има повеќе од 20% македонско национално малцинство, покрај официјален јазик албански да е и македонски јазик. Владата да гарантира правото на користењето на мајчиниот јазик на македонското национално малцинство.

7. Финансиска поддршка од Министерството за култура за културни и образовани активности за македонско национално малцинство во Република Албанија.

На Конгресот присуствувале претставници на 50 асоцијации 300 делегати на повеќе од триесет малцинства од 30 земји во Европа и 50 новинари.


Македонско друштво „Илинден“ - Тиранa
Претседател: Никола Ѓурѓај




 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting