Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП бара имплементација на нивното решение за анти-македонското прашање за името

28 ноември, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Our name is our right Што би било кога украинската влада би одлучила дека Украинците и украинската историја всушност се руски, кога би се согласила да го смени името, да го прогласи рускиот за еднаков и билингвален партнер во Украина за сметка на нејзиниот украински карактер и територијален интегритет, кога би побарале Украинската православна црква да биде потчинета на Руската православна црква, и кога Украина би се соединила со нејзините потчинители во затворање на сопствените луѓе само затоа што застанале во одбрана на нивните етнички и национални права? Одговорот на западниот свет, како што веќе сме виделе, би бил силна вознемиреност и брза одбрана на Украина, без разлика на што се согласила нејзината корумпирана и кукавичка влада.

Но зошто се случува спротивното во Македонија? Затоа што, од нејзината независност во 1991, Македонија прифати да преговара за нешто за што не може да се преговара - вистината за нашето име и постоење. Сега сме во позиција во која се’ што е македонско се распродава на нашите потчинители. ММДЧП постојано бара да престанат антимакедонските преговори за името. Предупредувавме за последиците, и, ете, тие се веќе присутни.

Но, има едноставно решение за антимакедонското прашање за името и за скорешните распродажби на нашите човекови права, име и идентитет - да престанат преговорите за името и одлучно да се бранат нашите најосновни човекови права - нашето право на постоење - по што и светот ќе застане во наша одбрана наместо да им помага на нашите потчинители.

Некои Македонци неразбирливо тврдат дека Македонија не може да опстане без членство во ЕУ. Несфатливо е зошто би сакала Македонија да биде членка на економска унија која другите земји или ја напуштаат, или се гушат под неа. Членството во НАТО, вредело или не, ни беше загарантирано во 2008, со исклучок на апсурдното вето од една земја. Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, изјави:
„Сум имал средби со советници за надворешна политика на САД, кои тврдат дека Македонија „мора“ да го смени името и идентитетот заради технички услови на НАТО и ЕУ. Со други зборови, полесно е да се примораат една земја и еден народ да го сменат името и идентитетот отколку да се сменат правилата на НАТО и ЕУ кои им се од полза на нашите потчинители.“

Ако Македонија сака да се приклучи кон НАТО и ЕУ, решението е да се бара поддршка за нашите основни човекови права и или да се бара промена на смешното правило за вето од една земја (како што предлагаа министри за надворешни работи на Канада и поранешниот Претседател на САД, Џорџ Буш), или да се бара од сегашните земји членки да извршат притисок врз Грција таа да престане да го користи ова правило (антимакедонската Времена спогодба од 1995 наведува дека Грција нема право да го ограничува влезот на Македонија во која било меѓународна организација. Сепак, ветото на Грција за влез на Македонија во НАТО во 2008 ја направи оваа спогодба ништовна. Меѓународниот суд на правдата застана на страната на Македонија и одлучи дека Грција ја прекрши Времената спогодба. Сепак, за Грција немаше никакви последици, а Македонија сe уште се однесува како да е „приморана“ да преговара за нејзиното име и идентитет.)

Замислете Црна Гора, како членка на НАТО и ЕУ, да стави вето на членството на друга земја кое го поддржуваат сите други земји членки. Ова не би се допуштило, а Црна Гора не би се осмелила да им противречи на другите, помоќни членки. Македонија треба одлучно да го брани своето право на постоење и да инсистира ЕУ и НАТО да се придржуваат до сопствените себеназначени основни принципи за човекови права.

Решението е едноставно - бранете ја Македонија. Како што се истакнува во кампањата на ММДЧП, Нашето име е Македонија, треба ВЕДНАШ да се прекинат преговорите за името. На овој начин ќе заврши клучното прашање кое ги попречува сите аспекти од животот во Македонија. Размислете за следната порака:

„За сите Македонци кои живеат во Република Македонија - Моето семејство беше приморано да учи грчки. Сега вие сте приморани да учите албански и да изјавувате дека сте „всушност Бугари“. Тие се бореа против потчинетоста за да го зачуваат нашиот МАКЕДОНСКИ идентитет. ЌЕ ГО СТОРИТЕ ЛИ ВИЕ ИСТОТО?“
Бил Николов, Претседател на ММДЧП

Нашето име е Македонија. Бранете го и барајте да се почитува.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting