Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Македонците во Бугарија се приклучуваат кон кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија“ и бараат веднаш да запрат антимакедонските преговори за името

1 април, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Do not take away my name and identity Најновите билборди за „Нашето име е Македонија“ содржат пораки за Македонците во Република Македонија од потчинетите Македонци од Пиринска Македонија, во кои се вели: „Не ми го одземајте името и идентитетот“.

„Се мачиме да ги оствариме нашите основни човекови права и да се признае на тоа што сме – Македонци. Бугарија не го признава нашето постоење и не' прогонува само врз основа на нашето македонско етничко потекло. Ако Република Македонија го смени името, таа ќе го загрози идентитетот на Македонците од целиот свет. Како што е случајот и со антимакедонскиот „Договор за пријателство“, овој чекор само ќе и' помогне на Бугарија во остварувањето на нејзината цел да ги избрише Македонците од постоење“ – изјави Ѓорги Христов главен уредник на македонскиот весник во Бугарија „Народна волја“.

„Дури и ако заборавиме на едноставниот факт дека Грција а ниту некој друг нема никакво право да бара промена на името на Р Македонија, „преговорите“ јасно покажаа дека она што Грција сака всушност да го промени е македонскиот идентитет. И Грција и Бугарија во лицето на своите највисоки претставници недвосмислено изјавија дека Македонија може да влезе во Европа но не "македонизмот", поим со кој тие го етикетираат македонскиот идентитет. А за идентитетот и не смее да се преговара“ изјави Иван Сингартијски, Копретседател на ОМО Илинден ПИРИН.

Во текот на последните две децении, Обединетите нации, Стејт Департментот на САД, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција и Хјуман Рајтс Воч, меѓу останатите, заклучија дека Грција и Бугарија постојано ги прекршуваат правата на Македонците во тие земји и побараа од Грција и Бугарија веднаш да ги признаат своите македонски малцинства. Оваа поддршка се случува зашто Македонците од соседните држави, со помош на ММДЧП, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права.

Стојан Герасимов претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија, кој самиот лежел 5 години затвор заради својата националност повикува:br> „Македонци во Република Македонија – вие морате да се борите исто како нас. Преќинете ги преговорите за името, а светот во тоа ќе ве поддржи. Бранете се себеси и ќе бидете одбранети. Нашето име е Македонија. Барајте да се почитува и тоа и ќе го добиете“.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.







 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting