Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Стари бели мажи ја уништуваат Македонија зашто романтично гледаат на Грција

24 април, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Matthew Nimetz Секој ден слушам стари бели мажи кои дискутираат како ќе ја сменат МОЈАТА етничка припадност, името на мојата земја, мојот идентитет, јазик и историја - само за да им удоволат на нашите потчинители кои н? го одрекуваат правото на постоење.

Замислете ова да ви се случува вам и на вашата етничка група. Ова е надреално.

На пример, еден од овие луѓе кои ги споменувам е Специјалниот пратеник на ООН, Метју Нимиц (без навреда, Мет). Тој е задолжен да биде „медијатор“ во вештачи создадениот, антимакедонски и спротивен на човековите права „спор за името“ меѓу Македонија и Грција. Како е можно да постои работно место создадено да се смени вековна националност за да се удоволи на најлошиот прекршител на човекови права во Европа не ми е јасно, зашто тоа е спротивно на секоја конвенција за човекови права зад која Западот тврди дека стои.

Грција се обидува да ја принуди Република Македонија да го смени името за да продолжи со својата политика на негирање на постоењето и на прогонување на големото македонско малцинство во Грција. Ова е поента која ја призна поранешниот грчки премиер, Константин Мицотакис, во 1995 година. И други грчки лидери го признале очигледното - дека Грција го негираше постоењето на Македонија до 1988 година, кога одеднаш почна да ја присвојува Македонија. „Прашањето за името“, како што и самите признаваат, нема никаква врска со името на Македонија. Проблемот е негирањето на грчкиот културен геноцид над македонскиот народ, кој продолжува и денес.

Македонија беше поделена во 1913 меѓу Србија, Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија, и секоја од овие земји се обидуваше - а во некои случаи и с? уште се обидува - да го избрише нашето постоење. Овие земји се обидувале со различни политики, го негирале нашето постоење, привремено го признавале, па се враќале кон старите тоталитарни пракси, ја забранувале употребата на нашето име, па го присвојувале нашето име, некогаш и нашиот етнички идентитет, а некогаш тврделе дека нашот етникум всушност му припаѓа на еден од нашите соседи. Би можел и да продолжам. Затоа, прашањето е следново: Како можат Македонците да се Бугари, Грци, Срби и Албанци во исто време. Македонија е македонска. Ама не дај боже да надвладее здравиот разум.

Да се вратиме на романтизирањето на Грција од страна на Западот кое доведува до обезвреднувањето на целата моја етничка група. Кога се сретнав со Метју Нимиц еден ден во неговата канцеларија во Њу Јорк, првото нешто кое тој ми го кажа беше „Само што ја дочитав „Грција - Нерелевантната република““. Во таа своја колумна пишував за тоа како потчинител не може да го смени името и идентитетот на потчинетиот за да ги прикрие ужасните прекршувања на човековите права против нив. Со други зборови, еден на изглед непотребен, но трагично неопходен текст. Го прашав господинот Нимиц дали наиде на некој мој аргумент во тој текст за кој мисли дека е неточен. Не рече ништо.

Следното нешто што ми го рече беше: „Од почит и наспроти грчкото противење, ќе Ви се обраќам како Македонец во текот на нашата средба“. Требаше ли да прославам? Подоцна, неговата секретарка ме замоли да го викам „Мет“, а не „Господин Нимиц“. Така и сторив. Но во меѓународни кругови ќе го викам „Боб“, и ќе сторам с? да се признае неговото меѓународно име. Но, тој не треба да се грижи. Нему пак ќе му дозволам да се вика „Мет“.

И тука лежи апсурдот на вештачкиот „проблем со името“. САД и Европската унија, на барање на Грција, тврдат дека Македонија мора да го смени името за меѓународна употреба за да ? удоволи на Грција, но би можеле да н? „дозволат“ да се нарекуваме Македонија за внатрешна употреба и никаде на друго место. Супер. Фала. Што се случи со сите случаи пред Европскиот суд за човекови права во кои Македонија ПОБЕДИ пред Грција и Бугарија за тоа што н? го оспоруваат правото да постоиме како што сме - Македонци? Што се случи со барањата на Обединетите нации овие земји веднаш да ги признаат Македонците и да престанат да ги прекршуваат нашите човекови права? Поголемиот дел на светот ја признава Македонија, а сепак или не знае или е соучесник во грчките тактики да н? избришат од постоење.

Ќе ве замолам пак - ставете се во наша кожа. Да беше во прашање вашата етничка група, вие со право ќе очекувавте сите да се стават во ваша одбрана. Македонците с? уште чекаат. Изненадете ме. Стапете во контакт со мене и прашајте како да помогнете. Или, уште полесно, како што прави Македонското меѓународно движење за човекови права уште од прогласувањето на македонската независност, едноставно барајте да престанат антимакедонските преговори за името и објавете пред светот дека Нашето име е Македонија. Од секогаш било така. И се надеваме дека така и ќе остане.

Во текот на мојата средба со Боб/Мет, посочив дека првиот ООН преговарач за името, Робин О Нил, си даде оставка и даде јасна поддршка на Македонија изјавувајќи „Македонија не смее и нема да го смени името за да ? удоволи на Грција. Ако Македонија подлегне на притисокот и го смени името, ваквите настани ќе ? дадат уште повеќе сила на Грција додека таа не ја постигне својата крајна цел - Македонија да исчезна од мапата“.

Го повикав и вториот медијатор на ООН да го следи овој пример, веднаш да си даде оставка и да ги почитува клучните принципи на ООН - Универзалната декларација за човекови права - и да стави крај на отворено расистичките и незаконски преговори за името.

Боб, морам да те прашам нешто. Во текот на нашиот состанок, ти ми кажа дека си по потекло Евреин. Што ако ти кажев: „Од почит, ќе ти се обраќам како Евреин“, но дека неуморно ќе работам, секој ден, да ти го сменам етничкиот идентитет и да ги избришам сите прекршувања на човековите права кои ги трпел твојот народ?

Заради сите вас, бранете го моето право да постоиме. Ние сме народ. И Нашето име е Македонија.


 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting