Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП започна кампања за итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

12 август, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Zoran Zaev Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште една кампања под мотото "Нашето име е Македонија", во која бара итно апсење на нелигитимниот македонски премиер Зоран Заев, поставен од САД, и на други лица, заради прекршување на македонскиот Устав, спротивно на правилата на Собранието, и заради кршење на македонските закони. Сето ова е во прилог на неговите предавнички напори за промена на името на Република Македонија во "Северна Македонија" и, наспроти неговите одрекувања, на идентитетот на сите Македонци - во Република Македонија, во соседните земји и низ целиот свет - во Северно- Македонци.

Објавени се билборди, летоци и постери (во прилог) - и истите ќе продолжат да се објавуваат низ целата територија на Република Македонија се' додека Заев и останатите не се соочат со правдата и додека еднаш засекогаш не завршат сите преговори за промена на името на Македонија.

ММДЧП ги повикува сите Македонци:
• да се приклучат кон нашите барања за итно апсење на Зоран Заев и на другите предавнички претставници на Владата;
• да побараат итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници притворени од Заев;
• да ја поддржат кампањата за бојкот на референдумот (и да го спречат тој незаконски референдум);
• да побараат да престане масовното Западно странско мешање во насока на промена на името, како на пример заканите на претставниците на САД и ЕУ дека е "сега или никогаш";
• да побараат меѓународната заедница да го почитува основното право на самоопределување на Република Македонија, како и да го почитува меѓународното право и конвенциите за човекови права создадени за негова заштита;
• да побараат меѓународните медиуми да престанат да го прикажуваат културниот геноцид над Македонците како "победа" и да ги поддржат Македонија и Македонците како и секоја друга етничка група.

ММДЧП особено го повикува Претседателот Иванов да ја употреби својата моќ како шеф на државата:
• да нареди итно апсење на Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и сите останати кои го прекршиле законот и извршиле предавство, и покрај договорот што Заев го потпиша со Претседателот Иванов, а во кој тој "гарантира" дека ќе ја брани Македонија;
• да престане со секаква дискусија за промена на името на Македонија затоа што со тоа се прекршува македонскиот Устав и закони;
• веднаш да се повлече од Времената спогодба, затоа што не само што е истата анти-македонска, туку е и ништовна затоа што Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008 година;
• да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила и да ја примат Република Македонија под нејзиното вистинско име;
• да ги повика другите земји да побараат крај на недемократските и расистички преговори за промена на името, а и да ја употребат својата моќ, вклучително правото на вето на Турција во НАТО, и правото на вето на Русија во ООН, за ефективно да ги запрат сите дискусии за промена на името на Македонија.

Користете ги хаш-таговите
#ArrestZaev, #OurNameIsMacedonia и #Boycott на англиски и #АпсетеГоЗаев, #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам/#Bojkotiram на македонски.

Македонците не смеат да дозволат да превладеат предавство, странски интервенционизам и незаконски дејствија. Нашето име е Македонија. Почитувајте го, и светот ќе ве одбрани.


Zaev and Tsipras

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting