Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП бара ВМРО-ДПМНЕ да преземе акција и да ја одбрани Македонија

6 декември, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

VMRO-DPMNE Знаеме дека „Владата“ на СДС – донесена на власт од страна на САД – се најголемите предавници во историјата на Македонија. Но ВМРО-ДПМНЕ, како самопрогласени „бранители на Македонија“, не се покажаа достојни на нивната должност. Нивните катастрофални грешки станаа јасно видливи пред целата јавност за време на кризата во која Македонија се најде.

ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да стават крај на преговорите за името кога беа на власт, но никогаш не го сторија тоа? Зошто не? ММДЧП ги советуваше во таа насока, и да го стореа тоа Македонија денес немаше да биде во кризата во која е. Воедно, ги предупредивме дека обидите да му се додворат на Западот само водат кон културолошки геноцид на Македонците.

И сега се соочуваме со истиот проблем. ВМРО се уште се обидува да му се додвори на Западот, место да преземе мерки кои ќе помогнат да не го загубиме името.

Ги повикуваме Македонците да побараат од ВМРО да престанат да ја легитимираат „Владата“ на Заев и веднаш да почнат со бојкот на Собранието; да се спротистават на заканите на Заев и да ги повикаат сите пратеници да го осудат менувањето на името; да организираат масовни протести во соработка со сите кои ја бранат Македонија; да започнат со граѓанска непослушност; да апелираат до сите држави кои го поддржуваат правото на Македонија на само-определување; да инсистираат Обединетите Нации да застанат во одбрана на Македонија, вклучително со барање ОН да ги почитува своите сопствени правила и да ја прими Република Македонија под нејзиното вистинско име; да ги разоткријат незаконските, анти-демократски и анти-македонски постапки на Заев пред меѓународната заедница; да го осудат масовното мешање на Западот во Македонија и да ги разобличат дволичните тврдења дека „се почитува меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права“; да го искористат мноштвото опции што ги нуди Уставот, потоа Кривичниот законик, собранискиот и претседателскиот деловник, за да го спречат уништувањето на македонскиот суверенитет, човековите права и изразената волја на народот, и, конечно, да престанат да се однесуваат како Западот да е газда во Македонија.

Македонија е македонска. Имате сили да ја спречите промената на името. Барајте акција.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting