Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение


Македонско друштво “Илинден” - Тирана со задоволство и дава безрезервна поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

21 јануари, 2018

Отпечати ја страницата

Makedonsko drushtvo ILINDEN Македонско друштво “Илинден”-Тирана со задоволство и дава безрезервна поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во Торонто, Канада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана јавно му се заблагодарува на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за поддршката на кампањата #НиеСмеМакедонија, изразува најголема благодарност на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и на неговите партнери заради организирањето на оваа кампања уште од 2010 година.

Македонија е единствената нација во светот која не може во ОН да го користи своето име. Вкупно 137 држави веќе го признаа вистинското име на Македонија, што е околу две третини од бројот на држави во Генералното собрание на Обединетите Нации. Меѓу тие држави се и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја повторува својата поддршка за единственото вистинско име на Македонија, ги отфрла сите обиди за промена или наметнување на некакво друго име за Македонија и македонскиот народ и бара од македонската влада да ги прекине тековните разговори во ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание на ОН со која што нашата земја ќе биде прифатена во ОН под единственото вистинско име - Република Македонија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.



Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting