Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП бара извинување од Фејсбук за учество во ширењето на антимакедонска омраза

22 јануари, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Facebook Наместо да ја игнорира антимакедонската омраза, следејќи ја досегашната пракса, Фејсбук сега активно се вклучи во неа. Ник Петровски, Македонец од Сиднеј, Австралија, неодамна креираше рамка facebook.com/RiseUpMKD, во одбрана на постојаните напади на Грците врз македонскиот етникум. Фејсбук реагираше со тридневна забрана за г-дин Петровски заради „кршење на нивните стандарди". Како е можно одбраната на едно од најосновните човекови права, самоопределувањето, да е против стандардите на Фејсбук?

Погледнете го
соопштението за јавност на ММДЧП во кое во 2016 година баравме од Фејсбук да не дозволи ширење на антимакедонска омраза од страна на Грци, Бугари и Албанци. Одговорот на Фејсбук беше дека таквата омраза "НЕ ги крши нивните стандарди".

Грција почна да се бори за името Македонија во 1988 година, признавајќи дека создава вештачки спор за името како начин да не го признае постоењето на неговото големо македонско малцинство и да се прикрие огромните злоупотреби на човековите права против истото. Културното отуѓување не може да биде наградено и не може да се користи како изговор за прогоннување на една цела етничка група. Обединетите Нации, Европскиот Суд за Човекови Права, американскиот Стејт Департмент и уште безброј други организации за човекови права ја осудија Грција за нејзиното систематско прогонување на Македонците и побараа од неа веднаш да го признае своето македонско малцинство и да им ги обезбеди правата што им се гарантирани со секоја меѓународна конвенција за човекови права.

Од Фејсбук очекуваме итно извинување и промена на нејзината политика. Ги повикуваме Македонците во светот да ни се придружат. Поажлете се до Фејсбук и побарајте неодложна интервенција. Користете ги хаш-таговите
#НашетоИмеЕМакедонија, #НиеСмеМакедонија и тагот @ммдчп. Сите Македонци се обединети во својата одбрана. Приклучете се во кампањата на ММДЧП, „Нашето име е Македонија“ и поддржете го нашето барање за прекин на антимакедонските преговори за името. Да го одбраниме нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле – Македонци.



###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.



Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting