Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП ги осудува напорите на предавникот Заев за промена на името на Македонија во „Северна Македонија“

13 јуни, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

treason Македонско меѓународно движење за човекови права - 13-ти јуни 2018

Каков проблем мисли предавникот Заев дека решава со додавање на географска одредница пред името на Република Македониа? Единствениот одговор кој го дава нелегитимниот „Премиер“ Заев засега е неговата опсесија со тоа „да не ја навреди Грција“ - истата земја која призна дека го создаде вештачкиот проблем со името за, како што кажа првиот преговарач за името на ООН, Робин О Нил, „да ја избрише Македонија од мапата“.

Дали ова го решава бесмисленото тврдење на Грција дека името на Република Македонија „создава конфузија“ со провинцијата Македонија во рамките на Грција (која беше анектирана од страна на Грција по поделбата на Македонија во 1913)? „Република“ досега беше ознаката за разликување, па јасно е дека тука проблем нема.

Дали го решава смешниот аргумент дека Република Македонија планира да ја окупира Грција? Не. Но со одредницата „Северна Македонија“, името „Македонија“ им се предава на Грците, со што се отвора вратата кон грчки територијални претензии кон Македонија.

Дополнително, со ова се придонесува кон грчкото масовно прогонување на нејзиното големо македонско малцинство - што е токму причината што Грција го создаде вештачкиот антимакедонски проблем со името, според признанието на грчкиот премиер Константин Мицотакис во 1995 година.

И покрај спинот на Заев дека македонскиот јазик и идентитет остануваат непроменети, треба само да се употреби здрав разум и да се види приложениот договор за да се заклучи дека Заев се откажува од правото на што и да е македонско.

Заев веќе заслужи да биде познат како најголемиот предавник во македонската историја, но со ова се отвора уште една можност. За Претседателот Иванов. С? што треба тој да стори е да ги прекине сите дискусии за промена на името на Македонија, зашто тие се очигледно кршење на македонскиот Устав. Претседателот Иванов ја има таа моќ. Претседателот Иванов треба веднаш да се повлече од Времената спогодба од 1995 година, не само затоа што е таа антимакедонска, туку затоа што е ништовна зашто Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008. Иванов мора да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила, и да ја прифатат Македонија под нејзиното вистинско име. Иванов мора да ги повика другите земји да побараат прекинување на недемократските и расистички преговори за името и да ја употребат својата моќ, вклучително и правото на вето во НАТО од страна на Турција и правото на вето на Русија во ООН, за да ги запрат сите разговори за промена на името на Македонија. Сите Македонци треба да се обединат и да побараат ова веднаш да се случи.

Како што се вели во кампањата „Нашето име е Македонија“ на Македонското меѓународно движење за човекови права, „Бранете се себеси и светот ќе ве брани“. Ова му беше потврдено на ММДЧП за време на средбите со високи претставници на канадската влада и опозициски партии. Кога Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, побара изјава од нив во врска со одбраната на македонското право на самоопределување, тие колективно изјавија: „Канада го поддржува ова основно човеково право и тоа би го сторила и јавно, но Македонија преговара за името, па затоа ќе го чекаме исходот од разговорите меѓу Македонија и Грција“.

Николов предупреди дека со чекање на исходот од овие преговори ќе произлезе нов предлог за името насочен само кон удоволување на потчинителите на Македонија. И токму ова го испорача сегашната антимакедонска влада. Но, не е предоцна. Македонците и светот имаат можност да спречат современ културен геноцид. ММДЧП бара оваа можност да се искористи. Нашето име е Македонија. Бранете го и барајте да се почитува.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.









 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting