Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Мајк Ангелидис (Ангелевски), поранешниот хокеар на Националната хокеарска лига, се приклучи на кампањата Нашето име е Македонија, за одбрана на Македонија и на Македонците

28 октомври, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Mike Angelidis Ангелидис (Ангелевски), поранешен хокеар на Тампа Беј Лајтнинг, со задоволство се согласи да даде изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, за потребата да се одбрани Македонија од менувањето на името кое ни се наметнува од страна на Запад.

По нашиот повик, Ангелидис, на Твитер, објави:
„Јас сум Канаѓанец со македонско потекло и шокиран сум што Западот ја принудува Македонија да го смени своето име, да го смениме нашиот идентитет, со цел да ги исполниме желбите на друг народ. Ги повикувам сите истакнати Македонци да го искористат своето влијание за да обезбедат меѓународна поддршка за нашите човекови права. Нашето име е Македонија“.

За разлика од некои други познати македонски личности, господинот Ангелидис веднаш се реши да застане во одбрана на основните човекови права на Македонците.

Има други влијателни личности од Македонија кои не излегуваат во поддршка на својата етничка група, велејќи дека се работело за „политичко“ прашање. А сепак гледаме како познати личности од другите етнички заедници, кога е тоа неопходно, без двоумење стануваат во одбрана на своите човекови права.

Ангелидис е по потекло од Арменско и Буф, во Егејска Македонија. Тој вели дека со Преспанскиот догвоор ќе се смени идентитетот на Македонците дури и ако тие живеат надвор од Република Македонија. Оттаму, Ангелидис прашува:
„Како може Западот да и наметне нов идентитет на цела една етничка група за да ги задоволи интересите на друга држава која си поставила за цел нејзино уништување? Грција веќе ги смени имињата на стотици илјади Македонци, вклучително и моето, во обид да го избрише нашето постоење“.

ММДЧП и Мајк Ангелидис го повторуваат повикот до сите истакнати Македонци да побараат ставање крај на процесот на менување на името, наметнат од САД и ЕУ. Со него се кршат човековите права на цела една држава и етничка група, во обид да се исполнат целите на една расистичка надворешна политика, и на тоа мора да се реагира.

ММДЧП му благодари на господинот Ангелидис за неговата поддршка за кампањата Нашето име е Македонија и за неговата недвосмислена одбрана на сите Македонци. Очекуваме и веруваме дека и други познати Македонци ќе ни се приклучат во одбраната на татковината.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting