Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение


Позиција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН во врска со референдумот за името на Р. Македонија

11 септември, 2018

Отпечати ја страницата

OMO Ilinden - PIRIN На своја седница одржана на 9 септември 2018 г. во Благоевград Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН го разгледа прашањето за претстојниот референдум во Р Македонија во врска со името на Р Македонија и ја донесе следната позиција:

- Поаѓајќи од очигледната несправедливост на наметнатиот од грчкиот национализам проблем и сознавајќи дека надвор од секакво сомнение мотивите на грчката страна се насочени против македонската нација, идентитет и македонското малцинство во Грција;
- Поаѓајќи од фактот дека договорот со Грција, како и оној со Бугарија, не се рамноправни и не ги затвараат проблемите, а создаваат механизми за постојано уценување на Р Македонија во процесот на нејзината евроинтеграција од страна на Грција и Бугарија и тоа во насока истата да се откаже од секакво тврдење дека постои македонска нација и малцинства;
- Сознавајќи дека како последица од тоа, овие договори несправедливото барање за менувањето на името на Р Македонија како услов за почеток на преговори за евроинтеграција, реално можат да го заменат со друг услов – демолирање на македонската нација како услов за влез во Европа, или како што веројатно ќе биде наречено: „целосно имплементирање на договорите со Грција и Бугарија“; намера, која е недвосмислено најавена од Грција и Бугарија со зборовите: „Македонија во Европа – да, македонизмот – не!“;
- Забележувајќи дека Грција и Бугарија не кријат дека според нив овие договори го „решаваат“ прашањето за македонските малцинства на нивна територија во смисла на нивно целосно бришење;
- Свесни дека целиот процес се одвива под силен надворешен притисок, кој ни најмалку не е мотивиран од благородни и алтруистички мотиви, идеали и принципи, туку од желба за гео-стратегиско позиционирање и зацврстување на своето влијание во регионот;
- Изразувајќи поради тоа разбирање кон тешката и деликатна позиција во која се наоѓаат македонската држава и нејзината влада;
- Свесни дека правото, демократијата и референдумот не играат никаква друга улога во целиот процес освен во улога на смоквен лист кој треба да го прикрие насилството врз цел еден народ под превезот на „доброволност“ и „заемна согласност“.
- И оценувајќи како очигледен факт дека решава силата а не правото;

ОМО „Илинден“-ПИРИН е на мислење дека единствениот можен и достоинствен став во едно време на неправда и отсуство на прифатлива алтернатива е народот да одбие да соучествува во сопственото понижување и обезличување и да не дава алиби на насилниците, преку бојкотирање на овој наметнат од надворешни сили „референдум“.

Централен совет на ОМО „Илинден“ - ПИРИН




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting