Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение


Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци во Албанија и во светот да го бојкотираат престојниот референдум во татковината Република Македонија распишан на 30 септември 2018 година

27 септември, 2018

Отпечати ја страницата

Makedonsko drushtvo ILINDEN Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација. Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting