Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Македонски деловни луѓе од Егејска Македонија со поддршка за кампањата Нашето име е Македонија на ММДЧП

9 јануари, 2019

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Symposium Cafe Restaurant Двајца истакнати македонски претприемачи од Егејска Македонија, кои живеат и работат во Канада, најавија дека ќе ја продолжат нивната поддршка на кампањата Нашето име е Македонија на Македонското меѓународно движење за човекови права, и на борбата против менувањето на македонското име и македонскиот идентитет.

Бил Арго, сопственик на синџирот ресторани Симпозиум кафе и инвеститорот во недвижности Минчо Ташев се долгогодишни поддржувачи на ММДЧП. Двајцата потекнуваат од делот на Македонија анектиран од страна на Грција во 1913 година, по Балканските војни.

- Додека растев, грчките власти ме напаѓаа и тепаа ако кажев дека сум Македонец. Моето село беше бомбардирано затоа што сме Македонци. Бев сведок како мои роднини се убивани затоа што се Македонци. Никакви закани не можат да ме натераат да се откажам од тоа што сум. Што и да ми понудат САД, НАТО и ЕУ, јас не можам да се откажам од тоа што сум, изјави Минчо Ташев.

Било какво наметнато менување на името на Република Македонија ќе има последици за сите Македонци кои се борат за своите основни човекови права во Егејска Македонија, во Пиринска Македонија, во Преспа/Голо Брдо и насекаде низ Балканот и светот.

- Што и да ни ветуваат Заев и другите околу него, ако државата биде наречена „Северна Македонија“, здравиот разум и искуството со многу други вакви примери налагаат дека нашиот идентитет, етничка припадност и јазик исто така ќе станат „северномакедонски“. Ниту еден Македонец нема право да им го смени името и идентитетот на сите Македонци. Целиот живот се борев да бидам тоа што сум и никогаш нема да запрам, вели Бил Арго.

Арго и Ташев упатуваат свој заеднички апел до сите Македонци
- Не можеме и нема да дозволиме Македонија и нашиот македонски идентитет да им бидат предадени на нашите угнетувачи. Ги повикуваме сите истакнати Македонци веднаш да се приклучат и да ја поддржат кампањата Нашето име е Македонија. Ова е најкритичното прашање за сите Македонци од независноста до сега. Не смееме да отстапиме.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting